Надал знае да пушти „солза“ кога гледа филмови

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Рафаел Надал за време на фантастичната кариера успеваше приватниот живот да го сокрие од очите на јавноста, и секако е најмистериозниот од тенисерите од големата тројка (Федерер, Ѓоковиќ).

Шпанскиот тенисер важи за мирен и повлечен надвор од тениските терени, а сега конечно одлучи да открие дел од својата приватност. Надал гостувајќи на шпанска телевизија ги изненади своите фанови откривајќи дека обожува ноќни забави.

– Обожувам забави. Нормално, пијам и алкохол, посебно текила – откри Надал кој сепак истакна дека знае каде се црвените линии за него.

– Добра работа за мене и тоа што се контролирам. Никогаш не сум го фрлил рекетот на теренот, умерен сум во се, но има една работа поради која не можам да се контролирам. Сакате да знаете што е тоа? Чоколадо – вели Надал.

Освен што знае да се контролира, шпанскиот тенисер слободното време го поминува со сопругата Чиска, и вели дека е голем емотивец и често му се случува да заплаче гледајќи некој филм.

– Плачев како бебе кога го гледав „Титаник“. Тешко ми беше и кога загина Муфаса во „Кралот на лавовите“, често плачам кога гледам филмови… Исто така сакам и добра музика, присуствував на неколку концерти на Хулио Иглесијас, а сака да ја слушам и Шакира. Но, тенисот е спорт во кој има многу патувања и обврски и немам доволно време за почесто да одам на концерти – додава Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот