Надал се враќа на терените во понеделник, ривал ќе му биде синот на легендарниот Борг
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се враќа на теренот во понеделник, а тоа ќе биде во Шведска на турнирот Нордеа опен во Бостад.
Препорачано
Станува збор за натпреварување од серијата АТП 250 на земјена подлога, а Надал доби „вајлд-карта“ од организаторите. И како што обично се случува, имаме многу интересен и симболичен судир на самиот старт.
Противник на Надал во првото коло ќе биде никој друг туку синот на славниот шведски тенисер Бјорн Борг, Лео, кој доби исто така специјална покана од организаторите. Инаку, станува збор за момче кое има 21 година и кое, интересно, изминативе денови тренира со Надал.
На социјалните мрежи се појави видео од ждрепката и реакциите на присутните кога Надал го доби противникот.
The reaction when Leo Borg was drawn to play Rafa in the Bastad R1. Someone said "Poor Nadal."? … pic.twitter.com/bKzwaMNU7b
— Del?? (@Stroppa_Del) July 13, 2024
„Кутриот Надал“, рече еден од присутните. Надал реши турнирот во Шведска да биде своевидна подготовка за неговиот настап на Олимписките игри во Париз.
Според најавите пред настапот во поединечна конкуренција во вторник, претходно во понеделник Надал заедно со Каспер Руд ќе игра во осминафиналето против Гуидо Андреоци и Мигел Анхел Рејес-Варела во двојки.


