Над 21 милион луѓе во светот инфицирани со Ковид-19

Фото: Профимедиа

Еден милион луѓе се инфицирани само за три дена, бидејќи дваесетиот милион е забележан на 10 август.

Интернет-страницата „Ворлдметер” објави дека во светот со  новиот коронавирус заразени се 21.030.489 луѓе.

Еден милион луѓе се инфицирани само за три дена, бидејќи дваесетиот милион е забележан на 10 август.

Од почетокот на пандемијата од последици од Ковид-19 починаа над 750.000 луѓе, а оздравеле речиси 14 милиони луѓе. Во моментот активни случаи се околу 6,5 милиони, а 64.000 се во критична состојба.

Најпогодени земји од пандемијата се САД, Бразил и Индија, кои бројат повеќемилионски случаи, а потоа следат Русија, Јужна Африка, Мексико и Перу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот