Плакат за концертот „Кубанска џез-експлозија“

Националниот џез-оркестар ќе одржи ексклузивен концерт со наслов „Кубанска џез-експлозија“

Националниот џез-оркестар на 16 април, со почеток во 20 часот, ќе одржи ексклузивен концерт со наслов „Кубанска џез-експлозија“ (Cuban Jazz Explosion), заедно со светски реномираниот кубански музичар Алан Перез и неговата осумчлена ритам-секција „Ла оркеста“. Концертот ќе се одржи во Националната опера и балет во Скопје.

Настанот е дел од европската турнеја „Ла фиеста тур“, која ја носи автентичната енергија на кубанската музика на најзначајните сцени низ Европа. Со спој на салса, тимба и џез, концертот ветува вечер исполнета со ритам, страст и врвна музичка изведба.

Алан Перез (Куба) е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент со интернационална кариера. Своето светско признание го стекнал како член на легендарниот состав „Иракере“, под водство на Чучо Валдес, како и преку долгогодишната соработка со фламенко-иконата Пако де Лусија.

Во текот на својата кариера, Перез соработувал со некои од најголемите имиња на светската сцена, меѓу кои Чик Корија, Винтон Марсалис, Селија Круз, Рубен Бладес, Пакито Д’Ривера, Диего Ел Цигала и Исак Делгадо, создавајќи препознатлив звук кој ги обединува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во енергична и автентична звучна целина.

Како добитник на престижни Греми и Латин Греми признанија, Перез се смета за еден од најзначајните претставници на современата афро-кубанска музика.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 328, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 10-13.4.2026)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот