Полицијата ја обезбедува изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани по трагичниот пожар / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Началниците и полицајците што биле вечерта во „Пулс“, наскоро на обвинителна клупа

Полицајците што спроведувале акциска контрола во дискотеката „Пулс“ вечерта кога се случи трагедијата и началниците во ОВР Кочани и СВР Штип, наскоро ќе седнат на обвинителна клупа, откако Советот за оценка на обвинителен акт го одобри во целост обвинението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција против 13-те полицајци.

На почетокот на март стартуваат судењата за дел од полицајците обвинети за поврзаност со трагедијата во која загинаа 63 млади луѓе и над 200 беа повредени. Полицајците за кои се закажани судењата се товарат за злоупотреба на службената положба, додека 13-те полицајци што се обвинети за директна поврзаност со трагедијата, се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Исто така, Кривичниот суд соопшти дека е прифатено обвинението против 5 физички лица за различни кривични дела и тоа Давање поткуп, Давање награда за противзаконито влијание, Примање награда за противзаконито влијание и Примање поткуп, во чиј склоп е и обвинителен предлог против 4 други физички и 1 правно лице, а поврзани со користење средства преку ИПАРД програмата.

-Врз основа на двата, веќе одобрени обвинителни акти, формирани се кривично правни предмети и тоа КОК бр. 4/26 поврзан со пожарот во Кочани, и КОК бр. 5/26 поврзан со ИПАРД програмата кои предмети согласно АКМИС – системот ќе бидат распределени на понатамошно постапување кај надлежни судии, а откако ќе биде насрочена главна расправи по конкретните предмети, термините ќе бидат достапни преку Календарот за судење на веб-страницата на судот – соопшти Судот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот