На студентот Богдан Јовичиќ му е одреден куќен притвор, ќе носи електронска алка
Јовичиќ беше уапсен на 14 август, по големиот протест на студенти и граѓани во Нови Сад. Во повеќе српски градови беа организирани масовни протести со кои се бараше ослободување на студентот, кој е обвинет за демолирањето на просториите на владејачката партија СНС на претседателот Александар Вучиќ, за време на протест.
Студентот Богдан Јовичиќ вечерва ја напуштил Затворската болница во Белград и се вратил дома, потврдила неговата адвокатка Љиљана Боровиќ за „ФоНет“, објави Н1.
Препорачано
Ова следеше по денешната одлука на судијата за претходна постапка, со која на Јовичиќ му беше прекинат притворот и му беше прекината одредена мерка забрана за напуштање на државата, со примена на електронско следење, во траење од три месеци.
Дваесетидвегодишниот Јовичиќ и уште двајца српски државјани се обвинети за кривично дело насилно однесување на спортски настани и јавни собири.
Јовичиќ беше уапсен на 14 август, по големиот протест на студенти и граѓани во Нови Сад. Во повеќе српски градови беа организирани масовни протести со кои се бараше ослободување на студентот, кој е обвинет за демолирањето на просториите на владејачката партија СНС на претседателот Александар Вучиќ, за време на протест.
За време на престојот во притворската единица на Окружниот затвор во Нови Сад, таткото на Јовичиќ почина, а тој беше донесен на погребот со лисици на нозете.
Поради неговата лоша здравствена состојба заради штрајкот со глад, тој дел од притворските денови ги помина во затворската болница.
Српскиот суд ја отфрли жалбата, студентот Богдан Јовичиќ останува во притвор


