Фото: илустрација

На Србин му се запалила колата во движење кај Фурка

На турист од Србија вчера му се запалил автомобилот во движење кај дојранското село Фурка, соопшти МВР.

„На 17.08.2025 во 22:44 часот во СВР Струмица било пријавено дека на патот Валандово – Дојран, кај село Фурка, општина Нов Дојран, настанал пожар во патничко возило „фиат дукато“ со српски национални ознаки во движење, управувано од Г.З.(56) од Република Србија. Од екипа на Територијалните противпожарни единици Гевгелија и Дојран пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот