На сметките на граѓаните ќе легнат 5,59 милиони евра поврат на ДДВ

Фото: МИА

Исплатата за првиот квартал годинава ќе стартува во мај.

Во текот на месец мај треба да бидат исплатени вкупно 5,59 милиони евра по основ на поврат на ДДВ, средства кои се користат за исплата за месеците јануари, февруари и март.

Во овој период скенирани се 49.946.278 фискални сметки, остварен е промет од 21.957.355.689 денари, со вкупен ДДВ од 2.292.026.352 денари, соопшти денеска Управата за јавни приходи.

Споредбено со првите два квартала зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15 проценти ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186.215.194 денари  односно 3.028.000 евра, а за второто тримесечје 233.176.601 денар или 3.791.000 евра.

Исплатата за првиот квартал годинава ќе стартува во мај. Управата за јавни приходи се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите граѓани кои имале грешки во податоците, а во меѓувреме ги ажурирале. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот