На протестите во Иран убиени двајца припадници на безбедносните сили

Иран протест/ Фото EPA-EFE/STR

Двајца припадници на иранските безбедносни сили се убиени во продолжувањето на протестите против властите, соопштија државните медиуми. Видеата на социјалните мрежи покажуваат како ученици и ученички се приклучуваат на демонстрациите низ целата земја.

Десетици демонстранти беа убиени од почетокот на немирите минатиот месец по смртта на младата девојка.

Еден член на паравоената милиција Басиџ бил „убиен од бунтовниците со истрел од пиштол“ на еден од протестите во Техеран, јави Басиџ њуз, официјалната веб-страница управувана од организацијата Басиџ.

Припадник на Корпусот на гардата на Исламската револуција (ИРГЦ) исто така бил убиен за време на протестите во Санандај, главниот град на провинцијата Курдистан, јавуваат иранските медиуми.

Најмалку 20 членови на ИРГЦ, Басиџ и полициските сили се убиени во текот на изминатите три недели од протестите, велат медиумите.

Протести за време на викендот беа пријавени низ целата земја, вклучително и Техеран и Санандај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот