На Николоски му фалеле „добри хотели“, ќе ја олеснува процедурата за градење
„На државата ѝ фалат хотели и повеќе добри хотели. Во моментов сме во една ситуација кога е навистина комплицирано да се гради. Урбанистичките планови се носат предолго, зборувам во заштитените зони. Зборувам за Охрид, за Битола старото јадро, Кратово, Старата скопска чаршија… Таму е практично невозможно да се гради во заштитените подрачја“, изјави вчера министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, кој не ја спомена изградбата на хотелот во Горица на Охридското Езеро, кој со прекршување на десетици закони и прописи, сепак успешно го гради поранешниот шеф на тајната полиција и сопартиец на Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Мијалков.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Не можеме да зборуваме за туризам, а во главниот туристички центар да нема ниеден хотел со пет звезди или има ограничување во висините. И затоа сакам да ја отворам оваа тема, да размислува јавноста. Од една страна во ред е и треба да има заштита, но ако сакаме да се развиваме во туризмот во делот на изградба на хотели, а не во згради, треба да ја олесниме процедурата за изградба на хотели и да привлечеме инвеститори. Ова исто така се однесува и за долж коридорот 10, рече Николоски на панел-дискусијата во рамките на конференцијата „Е 75 –Основа за развој на креативен туризам и негова одржливост“.
Тој вели дека туризмот е еден од главните приоритети на оваа влада и оти не случајно минатата година се создаде Министерството за култура и туризам.
„Потенцијалот е огромен, и би рекол дека не е ни десет проценти искористен од она што може да биде искористено. Тука, би рекол постојат огромни конфлити од она што сакаме да го постигнеме до законските одредби, заштитите… Тоа се стратегии кои во следниов период ќе мора да ги отвораме и да ги прилагодуваме на новото време доколку навистина сакаме да развиваме туризам, во спротивно ќе останеме на ова ниво на кое ние мислиме дека го има, а во суштина тоа не е така. Најдобар доказ за ова е растот кој што се случува последнава година“, рече министерот.
МВР: Уапсениот бизнисмен Крмзов, други 22 луѓе и 15 фирми ја оштетиле државата за 94,3 милиони евра


