Австралија ќе им ги врати парите од ковид-казните на 30.000 граѓани

Полицијата во Викторија уапси и стави маска за лице на демонстрант надвор од Светилиштето за сеќавање во Мелбурн, Австралија, 05 септември 2020 година/Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Врховниот суд на Нов Јужен Велс, најнаселената држава во Австралија, прогласи за неважечки повеќе од 31 илјада казни за прекршување на мерките против пандемијата. Поради тоа, казните ќе бидат укинати, а на граѓаните кои веќе ја платиле казната ќе им бидат вратени парите, пренесува Скај Њуз.

Казни за непочитување беа издадени за низа прекршоци, од заедничко патување до присуство на јавни собири. Тие се движеа од илјада до три илјади австралиски долари. Владините адвокати на крајот признаа дека казните не ги исполнувале законските услови.

Комесарот на Управата за казни повлече 31.121 од вкупно 62.138 казни. Управата соопшти дека приоритет бил здравјето и безбедноста на жителите за време на пандемијата и додаде дека повлекувањето на казните „не значи дека не се направени прекршоци”.

Правниот центар Редферн (РЛЦ), кој ја поднесе тужбата до Врховниот суд, ја поздрави одлуката како „голема победа”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот