На кого му е полесно? Сопруг и сопруга си ги замениле улогите на еден ден

семејство мајка татко
ФОТО: Unsplash

Квин Кели, лиценцирана терапевтка за брак и семејство, му признала на списанието „Baby Chick“ дека е една од тие мајки кои постојано мислат дека на таткото му е многу полесно.

„Бидејќи имам деца, честопати се прашував како би било мојот сопруг и јас да си ги смениме улогите само за еден ден. Можеби би можел да го доживе она низ што поминувам секој ден”, рекла таа.

Нема многу мајки кои имаат шанса да ја реализираат таа фантазија, но Квин успеала во тоа.

„Откако го родив моето трето бебе, го слушнав сопругот, откако се врати од работа кајшто драматично изјавува „Јас сум емоционално исцрпен“. Морав добро да се контролирам за да не експлодирам“, додала терапевтката Квин.

фамилија мајка татко

Се прашувала од што е нејзиниот сопруг истоштен, а нејзиниот сопруг се пожалил дека не спиел доволно и работел осум часа.

„Бидејќи тоа беше период кога нашето бебе беше будно цела ноќ, немав време за емоционална исцрпеност затоа што бев премногу физички исцрпена. Немав никаква емпатија за него”, објасува Кели, која потоа ги сменила улогите со сопругот. Таа го променила распоредот,  во кој сега требало да се сретне со осум клиенти и утрото почнала да се подготвува да оди на работа.

„Денот започна како што замислував. Момчињата врескаа на вратата додека јас заминував, а сопругот го држеше бебето и мавташе со очајна насмевка на лицето. Во тој момент помислив: „Нека ужива во денот. Тој сигурно ќе почувствува колку е тешко мајчинството“. Сепак, мојот ден на работа беше многу исцрпувачки и почнав да се надевам дека ќе добијам повик за помош од мојот сопруг“.

родители мајка татко

„Се тешев што мојот сопруг веројатно не сакаше да покаже емоции и стрес. Кога стигнав дома, ме пречека пријатна атмосфера за која никогаш не се надевав. Во тој момент, решив да не му покажам колку сум уморна. Сакав да ми признае дека е уморен и дека е тешко, но тој добро издржа“, тврди Квин.

Таа заклучила дека е многу важно да се ставите во туѓа позиција, колку и да е тешко за нас самите.

„Како терапевт сметам дека сум добра во соработката со моите клиенти, но како родител и партнер понекогаш мислам дека имам повеќе емпатија отколку што имам, всушност. Се ставив во негови чевли, но сепак ги претпочитам моите. После неколку недели, додека бев на работа, добив порака – Навистина е тешко да се биде дома со три момчиња“.

„Секако дека е, бидејќи е тешко по непроспиена ноќ да поминете 8 часа на работа. Облечете туѓи чевли и потсетете се да го цените она што го имате“, заклучила Квин Кели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот