На „Енфилд“ никому не му е пријатно, прашајте ги тие од Барселона

twitter/BBC Sport

Голманот на Ливерпул, Адријан, одговори на провокацијата на Мората.

Атлетико Мадрид вчера направи изненадување и со 1:0 го совлада европскиот шампион во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Мадриѓаните сите дилеми ги решија уште во четвртата минута со голот на Саул Нигуез, и на реваншот кој се игра идниот месец (11 март) на „Енфилд“ ќе имаат минимална предност.

Напаѓачот на Атлетико, Алваро Мората веќе го отпиша европскиот шампион со изјавата дека не сака во четвртфиналето да игра против Јувентус. Одговорот дојде експресно, од голманот Адријан.

– Нашите шанси во реваншот? На „Енфилд“ никому не му е пријатно. Тоа можате да ги прашате оние од Барселона – изјави Адријан.

Голманот со оваа изјава алудираше на минатата сезона и полуфиналните пресметки со Барселона. Првиот натпревар на „Камп Ноу“ заврши со триумф на шпанскиот тим од 3:0, но во реваншот Ливерпул славеше со 4:0 и се пласира во финалето каде со 2:0 го совлада Тоетнхем и дојде до шестата европска титула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот