Мората сака да го избегне Јувентус во Лигата на шампионите

фото: твитер

После групната фаза, поранешниот член на Јуве не посакува во евентуалното четвртфинале да се сретне против „Старата дама“.

Алваро Мората тврди дека Јувентус е еден од фаворитите во Лигата на шампионите и се надева дека ќе го избегне неговиот поранешен клуб доколку Атлетико Мадрид се пласираше во наредната фаза.

Атлетико Мадрид и Јувентус преку групата „Д“ се пласираа во осминафиналето, така што италијанскиот шампион заврши како првопласиран на табелата со победа и реми против „јорганџиите“.

По победата од 1:0 против Ливерпул во вторникот вечерта, поранешниот член на Јуве не посакува во евентуалното четвртфинале да се сретне против „Старата дама“.

– Мислам дека Ливерпул и Јуве се најдобри, а меѓу фаворитите е и ПСЖ. Но, ништо не е сигурно во Лигата на шампионите. Посакувам да не играме повторно против Јувентус – рече Мората за „Скај Спорт Италија“.

Реваншот на Атлетико против Ливерпул ќе се одигра на 11 март, додека Јувентус го игра својот прв натпревар против Олимпик Лион следната среда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот