На Џонс малку му се осум милиони долари за борба со новиот УФЦ шампион

принтскрин/јутјуб

Камерунецот Франсис Нгану изминатиот викенд го нокаутира Стипе Моичиќ во борбата за шампионскиот појас во тешка категорија во УФЦ.
Веднаш по борбата започнаа шпекулациите  за идниот противник на „Предаторот“ Нгану и како прв конкурент го гледаат Џон Џонс кој е владетел во полутешка категорија во УФЦ, и кој реши да се префрли во „тешкашите“.

Идејата за борба помеѓу Нгану и Џонс им се допадна и на двајцата борци, но првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт не е сигурен дека поранешниот шампион во полутешка категорија сака да се бори.
Медиумите сметаат дека Вајт со таквите изјави го провоцира Џонс да ја прифати борбата со „Предаторот“, а последниот негов удар беше дека Дерик Луис ќе биде идниот ривал доколку Џонс ја одбие борбата.
Џонс одлучи да ги прекине шпекулациите и изјави дека сака да се бори со Нгану, но бара да биде соодветно платен.
„Имав состанок со адвокатот на УФЦ, Хантер, и му реков дека тоа што тие ми го нудат се разликува од осум до 10 милиони долари колку што барам за борба со Нгану. Со години секојдневно тренирам, трпам разни повреди, имав неколку операции, потрес на мозокот, пеколна конкуренција… Јас сум сигурен во една работа – сите сакаат да ја гледаат нашата борба, а јас сум убеден дека дојде време да ги наплатам сите маки“, напиша Џонс на социјалните мрежи.


Веднаш по неговиот напис се јави и вториот конкурент за борба за шампионот, Дерик Луис.
Ср**е, јас веднаш би се борел за осум милиони долари“.

ВИДЕО: „Предаторот“ е нов УФЦ шампион во тешка категорија!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот