На денешен ден – 7 април

на денешен ден
На денешен ден / Фото: Инстаграм

1939 – Роден е американскиот филмски режисер, сценарист и продуцент Френсис Форд Копола, еден од најзначајните филмски творци во САД во втората половина на 20 век, добитник на пет Оскари и на две „Златни палми“ на фестивалот во Кан. Ги режирал филмовите „Деменција“, „Сега си големо момче“, „Долината на среќата“, „Кум“, „Кум 2“, „Кум 3“, „Големиот Гетсби“ и други, а сценарио напишал за „Њујоршки приказни“, „Кум“, „Деменција“ и други филмови.

Успехот на неговиот гангстерски еп, а воедно и фамилијарната хроника, филмот „Кум“ од 1972 година, кој се најде на врвот на најкомерцијалните филмови на сите времиња и кој доби три Оскари, го вброил Копола меѓу водечките режисери на холивудскиот филм во 1970-тите. Продолжетокот на оваа серија, филмот „Кум 2“, е најголемиот успех на Копола, со освоени шест Оскари, што му овозможило да го реализира неговиот најамбициозен проект, спектаклот „Апокалипса денес“.

1963 – Донесен бил Уставот со кој називот Федеративна Народна Република Југославија бил сменет во Социјалистичка Федеративна Република Југославија, а Јосип Броз бил прогласен за доживотен шеф на државата.

1964 – Роден е Расел Ира Кроу, австралиски глумец од новозеландско потекло. Тој се здобил со светска популарност за неговата улога како римскиот војсководец Максимус Децимус Меридиј во филмот „Гладијатор“ од 2000 година, за којшто ја освоил академската награда Оскар за најдобар актер, a номинации за Оскар има за филмовите „Инсајдер“ и за „Прекрасен ум“. За улогата во „Прекрасен ум“, Кроу се закити со наградите Златен глобус, САГ и БАФТА. Кроу играл во многу филмски хитови и остварил забележителни улоги: „Доверливо од ЛА“, „Доказ за живот“, „Прекрасен ум“, „Мрежа од лаги“, „Валкана игра“, „Робин Худ“, „Бајка за боксерот“, „Добри момчиња“… Кроу ќе се појави во филмот „Тор: Љубов и гром“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот