На Барса не и помага ниту Меси, Атлетико му направи голема услуга на градскиот ривал (ВИДЕО)

EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Барселона полека го губи чекорот со Реал Мадрид во трката за шампионската титула во Ла Лига, откако на втор натпревар по ред игра нерешено и тоа со идентичен резултат 2:2.

По ремито на гостувањето кај Селта Виго, вечерва на „Камп Ноу“ ремизираше во дербито со Атлетико Мадрид и го расипа јубилејот на Лионел Меси, а воедно му направи и голема услуга на Реал Мадрид кој остана лидер на табелата со еден бод повеќе и натпревар помалку од каталонците.

Аргентинецот со „паненка“ дојде до 700. гол во кариерата, но и тоа не му помогна на неговиот тим да слави иако во два наврати имаше предност од еден гол.

Натпреварот започна одлично за каталонците и тоа благодарение на Диего Коста кој во 11. минута си постигна автогол.

Сепак, радоста на домашните фудбалери траеше само осум минути бидејќи Саул Нигез од пенал израмни на 1:1, откако претходно судијата ја „поништи“ одбраната на Тер Штеген бидејќи предвреме излезе од гол линијата по првиот пенал на Диего Коста.

Во второто полувреме, Меси со стил дојде до 700.000 гол во кариерата, тој со „паненка“ го реализира пеналот за Барселона, но радоста повторно траеше кратко.

Само 12. минути подоцна судијата Хернандез повторно досуди пенал, овој пат за Атлетико и Саул Нигез повторно беше прецизен со што и ги намали шансите за одбрана на титулата на Барселона.
Каталонците по 33. натпревари во Ла Лига имаат 70 бодови, еден помалку од Реал Мадрид кој утревечер го очекува дуел со Хетафе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот