На 55 години почина познатиот пејач Џони Солинџер, немал пари за лекување

Поранешниот пејач на американската рок група „Скид роу“, Џони Солинџер почина на 55-годишна возраст.

Тој групата ја напушти во 2015 година.

Рок-ѕвездата во мај на своите обожаватели им соопшти дека има оштетување на функцијата на црниот дроб, дека бил во болница веќе неколку месеци, и дека „прогнозата не е добра“.

– Како и повеќето музичари немам здравствено осигурување и многу е тешко да се добие правилна нега без него. Изгубив многу сила и исто така ќе ми треба физикална терапија – рекол Солинџер, кој барал парична помош за да ги плати лековите.

За жал, Солинџер не успеа да се избори со болеста.

Членови на бендот ја потврдија тажната вест, пренесоа светските медиуми.

– Тажни сме што ги слушнавме вестите за нашиот брат Џони Солинџер, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и обожавателите – навеле рокерите.

Солинџер ѝ се приклучил на американската група по повторната средба во 1999 година. Бендот претходно престана да работи во 1996 година, кога првиот пејач Себастијан Бах ја напушти групата.

Починатиот пејач сними два студиски албуми и два макси сингла со бендот „Скид роу“.

Тој го напушти бендот во април 2015 година и беше заменет со Тони Харнел, кој остана во групата само осум месеци.

„Скид роу“ беше еден од најпопуларните хард-рок бендови во текот на осумдесеттите години од минатиот век, кога во светот дојде до експанзија на групи со сличен „потврд“ рок-звук , пред сѐ, во САД.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skid Row (@officialskidrow)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот