МЗТ Скопје утре со своите навивачи ќе го прослави освојувањето на деветтата титулата

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Кошаркарите на МЗТ Скопје кои вчера со победата во Битола од 103:92 славеа со 3:1 во победи во финалето против Пелистер и ја освоија деветтата шампионска титула.

„Металците“ се доминантна сила во македонската кошарка во последната деценија бидејќи сите девет титули во последните десет години.

Бидејќи шампионскиот пехар го кренаа во Битола, „металците“ немаат намера да ги заборават своите верни навивачи „Фамилијата“ и затоа утре во СЦ „Јане Сандански“ заедно ќе го прослават освојувањето на титулата.

Навивачите ќе имаат можност да се фотографираат со шампионскиот пехар и да дружат со кошаркарите кои ја продолжија доминацијата во македонската кошарка.

– Би сакале да ги поканиме сите навивачи, симпатизери и кошаркарски вљубеници да дојдат в недела (12 јуни) во салата „Јане Сандански“ (од главен влез) во периодот помеѓу 17.30 и 18.30 часот да ја искористат можноста да се фотографираат со шампионскиот пехар и со сино-белите кошаркари и тренери – по свој избор. Ова е најмалку што можеме да им го возвратиме за нивната огромна љубов и поддршка што ни ја даваа сезонава, но и низ годините. Се гледаме во сала! – стои меѓу другото во соопштението на МЗТ Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот