МЗТ Скопје со покана за настап во АБА лигата!?

фото: druga.aba-liga.com/Domagoj Ledic

Се шпекулира дека во првата АБА лига нема да игра словенечката екипа на Приморска од Копер која влезе во финансиски проблеми…

Аеродромци извисија после финалната одлука од следната сезона (2020/2021) да не се најдат во елитата, ниту во проширувањето од 12 на 14 екипи.

Како што пренесува „bhbasket.ba“, МЗТ Скопје е во големи финансиски проблеми, но клубот има намера повторно да биде дел од најсилната АБА лига.

„Металците“ во АБА2 лигата со месеци беа зад Борац од Чачак, но после поразите во последните натпревари ја освоија третата позиција на табелата. Според најавите играчите на тренерот Ѓорѓи Кочов требаше да играат плејоф за учество во АБА лигата, но не им беше дадена можноста да се борат за „билетот“.

Истиот извор шпекулира дека во првата АБА лига нема да игра словенечката екипа на Приморска од Копер, која влезе во финансиски проблеми кон средината на минатата сезона.

Доколку се испостави ова е вистина, МЗТ ќе добие покана за настап во АБА лигата. Последен пат „штрковите“ настапуваа во ова натпреварување во сезоната 2017/2018.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот