МЗТ Скопје со капитална инвестиција во спортскиот центар „Ново Лисиче“

Фото: mztskopjeaerodrom.mk

Изминативе неколку месеци, паралелно со борбата за обезбедување адекватни услови за тренинг и натпревари во услови на глобална пандемија, како и за формирање конкурентен тим за новата сезона, управата на МЗТ Скопје Аеродром, заедно со предводниците на вториот тим и на младинската школа, паралелно работеше на исклучително значаен проект – модернизирање и средување на спортскиот центар „Ново Лисиче“ односно популарната „Дупка“ и тоа со сопствени средства.

Станува збор за спортски објект кој, меѓу другото, се користи како тренинг центар и сала за официјални натпревари на младинските селекции на клубот. Со цел талентите од младинската школа, но и сите останати спортски вљубеници во општина Аеродром, да имаат најдобри можни услови за работа, предводниците на МЗТ Скопје Аеродром вложија голем напор и обезбедија средства за реновирање на салата за тренинзи и натпревари, како и на соблекувалната и на теретаната.

Салата е варосана, а воедно е промената целата инсталација во неа, со цел да биде максимално безбедна од секој аспект, за нејзино безгрижно користење на децата кои се наша иднина. Променети се светлечките рефлектори со со нови ЛЕД-светла, кои даваат подобра светлина, а кои воедно носат поголема заштеда на електрична енергија. А, решен е и најголемиот проблем, пред сѐ за родителите и останатите вљубеници во кошарката, а тоа е поставување мини-трибини на кои тие во иднина би можеле да седат додека ги следат тренинзите односно натпреварите.

Фото: mztskopjeaerodrom.mk/
Фото: mztskopjeaerodrom.mk

– Во склоп на тоа, како следен чекор, е промената на подлогата во салата, што е сериозен зафат, кој МЗТ Скопје Аеродром ќе го направи во соработка со општина Аеродром, а што ќе биде реализирано по донесувањето на новиот ребаланс на општинскиот буџет кон крајот на годината. Сето ова треба да биде само почеток на инвестицијата што ја планираме во овој спортски центар, кој во иднина треба да биде своевидно светилиште на сите на кои сино-белата боја им е при срцето, но и на сите останати места каде што тренираат нашите најталентираните кошаркари, бидејќи сѐ што прави клубот е за нив и за генерациите кои понатаму ќе доаѓаат – информираат од кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром. Повеќе прочитајте на следниот линк ТУКА 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот