МЗТ Скопје Аеродром по петти пат го освои Суперкупот

МЗТ Скопје Аеродром во СРЦ „Кале“ славеше над ТФТ/фото: kfsm.mk

Вечерва во СРЦ „Кале“ како најава за новата сезона силите ги одмерија двете најдобри екипи од ланската, МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ. Шампионот МЗТ го совлада бранителот на куп-трофејот со 100:82. По петти пат „металците“ во вкупно 10 изданија во ова натпреварување го освои победничкиот пехар во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“.

МЗТ имаше многу подобар почеток на мечот, уште во раната фаза, составот на тренерот Александар Петровиќ се стекна со двојно повисоки 22:11. По 10 минути игра, МЗТ водеше 29:14. Во исто темпо продолжи бранителот на шампионската титула. Прелесно стигнаа „аеродромци“ до уште поголеми 37:20, по нешто повеќе од три минути играње во втората четвртина.

фото: kfsm.mk

ТФТ фати некој играчки ритам по првите одиграни минути од вториот период. Стигнаа „црно-белите“ до нешто понизок „минус“, (30:42), но МЗТ потоа ја врати предноста стекната во првата четвртина и поведе со 47:30.

Она што го посакуваа, добар почеток на второто полувреме кошаркарите на ТФТ почнаа да го реализираат на теренот. Ја симнаа негативата на едноцифрена, (44:53), по нешто повеќе од три одиграни минути во продолжението. Но, МЗТ Скопје Аеродром одговори брзо, прво со две тројки во серија на Кафи, за да ја врати сигурноста која ја носи резултатот. А беше повторно висок, потошно највисок, откако во поентерска серија влезе и Мичовиќ (трет двоцифрен играч), во нивна корист, (69:48), во 27 минута.

За „тајм-аут“ на Боро Смилковски, предводникот на ТФТ, екипата во која поените ги делеа, освен Николов, уште и Андерсон односно Доналдсон. Со нивна помош Куп-освојувачот одново се доближи, по три четвртини беше 63:73. Не се откажаа во „бркањето“ на високиот минус. Со пет поени по ред, веќе беа на 68:73, аларм за Александар Петровиќ да ги собере своите играчи и да им подели совети како во последната четвртина.

Баскет Кам го освои трофејот во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“

„Нападот“ на ТФТ го сопре Мицовиќ, со својот 21.поен, го врати својот тим во многу „посигурни води“, водство од (80:71). За искусна екипа сосема доволно да го задржи, и да дојде до посакуваната цел – победата, до која со две тројки, реализирани во важни моменти, ги водеше Војдан Стојановски

Најефикасен кај „металците“ беше Мицовиќ со 27 поени (пет скокови), а 18 поени запишаа Кофи и Д. Стоановски. На спротивната страна за ТФТ 20 поени и пет скокови беа дело на Андерсон, а 19 поени имаше Николов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот