Баскет Кам го освои трофејот во Суперкупот „Драган Василов-Цевка“

Кошаркарките на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица со Суперкуп трофејот/фото: kfsm.mk

Во второто издание на Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во женска конкуренција, денеска екипата на Баскет Кам од Македонска Каменица подобра од Бадел 1862 со резултат 69:61.

После поените на Николов, Баскет Кам 2011 по првата четвртина имаше водство од 21:17, а разликата во следниот период беше уште повисока (34:19). Со тројката на капитенот Лазареска, намалија кошаркарките во „сино-жолта“ комбинација на 42:31, но Милованова со „два плус еден“ игра, постави високи 45:31 за актуелниот победник во Купот на Македонија.

Повеќе од три минути екипата од Македонска Каменица беше без реализација, па веднаш, на почетокот на второто полувреме, новиот тренер Златко Гоцевски, повика тајм-аут. Јасно и поради што, противникот ја направи негативата едноцифрена (36:45). Без ефект, затоа што противникот ја продолжи серијата на 16:0, за промена на водството, Бадел 1862 поведе со 47:45.

Кризата во играта на Баскет Кам 2011 траеше скоро девет минути, пред Димова да реализира едно слободно фрлање. За таа неверојатна четвртина Бадел 1862 ја добие со 16:1, и во одлучувачката делница да има поен вишок (47:46). Гостинската екипа го прекина „поентерскиот пост“ на почетокот на последниот период кој го отворија со своја серија од 9:2. За враќање на предноста на своја страна (55:49). Го искористија кризниот период на противникот да ја зголемат позитивата и на 61:51 во средишниот дел од четвртината на одлука.

Во победничките редови доминираа Адамоска со 21 поен (шест скокови, четири асистенции) и Димова со 20 поени (седум скокови). На спротивната страна Метју постигна 25 поени (14 скокови), следена од Димитријевиќ и Лазареска кои имаа по 14 поени и пет скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот