Фото: Siroki TT Kabeli/Antonio Sliskovic

МЗТ Скопје Аеродром остана без место во плејофот на АБА 2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром со пораз на гостувањето во Широки, Босна и Херцеговина го завршија својот настап во овогодишното издание на АБА 2 регионалната лига.

Широки беше подобар ривал од составот од актуелниот македонски првак со 111:109, во мечот кој само победа, и тоа со висока позитива, го оставаше нашиот претставник во ситуација да смета на пласман во четвртфиналето.

Во екипата на МЗТ, Мек Кејден запиша 30 поени, имаше и осум скока и седум асистенции. Смит Мексвејн го следеше со 25 поени и четири асистенции), Танасковиќ имаше дабл-дабл учинок од 14 поени и 12 скока, капитенот Дамјан Стојановски даде 11, а Магдевски уште 10 поени, запиша и шест скока и четири асистенции.

Со овој пораз, и ефект од четири победи и исто толку порази, македонскиот шампион го заврши настапот оваа сезона во регионалното натпреварување.

Понатаму оди вториот македонски претставник, екипата на ТФТ, која заврши со учинок 5-3, и ќе игра во плејоф фазата од АБА 2 лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот