МЗ: На Клиниката за инфективни болести почина 15-годишна пациентка

Инфективна клиника / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфетктивни болести и фебрилни состојби почина 15-годишна пациентка од тетовското село Селце.

Како што наведува Министерството, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена.

– Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна, односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со ковид, наведува Министерството и изразува жалење за починатата пациентка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот