МВР отвори предмет за полицаецот кој го удри Талески

Фото: РФМ

Вчерашното финале во ракометниот Куп на Македонија помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер беше обележано со инцидентот по завршувањето на средбата кога полицаец го удри ракометарот на Вардар и репрезентативец на Македонија, Филип Талески.

Јавноста бурно реагираше на ваквиот инцидент и побара санкција за полицискиот службеник. МВР денес се огласи со соопштение во кое истакна дека ќе го истражи случајот.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет во врска со случувањата на финалето на КУП на Македонија

По вчера одиграниот ракометен натпревар  КУП на Македонија-финале  помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“  од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица.

По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од  страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

ВИДЕО: Голем инцидент, полицаец со пендрек го удри македонскиот репрезентативец Филип Талески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот