МВР: Обрасци за возачки дозволи има, да не се шират дезинформации

Министерството за внатрешни работи (МВР) ги демантира информациите што се појавија деновиве на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи. Од Министерството ги уверуваат граѓаните дека процесот на издавање документи се одвива без никакви пречки.

Како што посочуваат оттаму, МВР располага со резерви на обрасци што се доволни за потребите на граѓаните во наредните три години.

Термин за фотографирање во моментот се добива во рок од еден ден, а возачките дозволи се издаваат за само неколку дена што е побрзо од законски предвидениот рок. Апелираме до јавноста да не се шират дезинформации со кои се создава забуна меѓу граѓаните“, соопштија од МВР.

Граѓани на социјалната мрежа Фејсбук вчера јавно го повикаа министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со, како што наведоа, алармантната ситуација со недостигот на обрасци за возачки дозволи.

Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот