МВР гони директор од Каменица зашто му дозволил на пензиониран инкасатор да работи еден месец повеќе

Во последната робусна акција, дел од пошироките заложби на органите за борба против корупцијата кај функционерите, откриена е проневера од вртоглави 850 евра

Директор на јавно претпријатие од Македонска Каменица ќе одговара откако, според МВР, му дозволил на инкасатор од претпријатието, кој имал исполнето услови за пензија, да работи еден месец повеќе.

Со ова, велат од полицијата, директорот значително го оштетил буџетот на комуналното претпријатие – за цели 850 евра, колку што во бруто износ била дополнителната плата на инкасаторот.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава Д.Ј.(63) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како директор на јавно претпријатие во Македонска Каменица, на вработен референт-инкасант во јавното претпријатие, иако му престанал работниот однос поради исполнување на старосна пензија, му овозможил да врши работни задачи и работни активности за дополнително еден месец повеќе од предвидениот законски работен стаж, со што му овозможил да се стекне со противправна имотна корист за една дополнителна плата во бруто износ од 52.591 денари“, пишува во полицискиот билтен за оваа решителна и робусна акција на полицијата против корупцијата во редовите на функционерите.

Како на филм — насилници во Демиркаписко грабнале момче и го тепале во шума, го терале да признае дека силувало жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот