МВР еден месец го следело Кичеец додека тој шетал по кафани и локали

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Во тајното следење применето кон Зоран Милески, како што соопшти Рускоска, сега осудениот неколку пати користел возило сопственост на Мелита Милески.

Од 21 jуни до 21 јули 2018 година Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец со наредба од ОЈО биле тајно следени од МВР, односно против нив биле применети Посебни истражни мерки, извести на денешното рочиште за случајот “Рекет” обвинителката од Одделот за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Голем дел од видео-снимките кои беа презентирани во судницата од тајно снимениот Милески од страна на полицајци во цивилка беа со многу лош квалитет.

Во тајното следење применето кон Зоран Милески, како што соопшти Рускоска, сега осудениот неколку пати користел возило сопственост на Мелита Милески.

Зоран Милески во едно од тајните следења е снимен како влегува во автомобил „порше“ со бугарски таблички и заедно со возачот пристигнуваат пред хотел „Мериот“. Пред хотелот ги чека непознато машко лице кое влегува во автомобилот и заминуваат во барот „Интермецо“. По некое време Зоран Милески го напушта локалот и заминува во ресторан.

Во друг сет од снимки тој е снимен како во Капиштец вози мотор без регистерски ознаки. Во повеќето тајни снимања применети кон Милески можеше да се види како тој како возач или совозач се вози во повеќе возила, посетува низа ресторани и кафетерии, а неколку пати е снимен како оди на работа.

– Дел од следењето, претпоставувам дека не е снимен со камера од пратњата, но затоа тука се нивните извештаи кои детално ги опишуваат настаните и лицата – рече обвинителката Рускоска по реакцијата на адвокатите на обвинетите дека прочитаното од документите на ОЈО не соодвествува со снимките.

Во петокот претседателот на судечкиот совет Васка Николовска Мазнева на почетокот на рочиштето ја исклучи јавноста поради тоа што требаше да се пуштаат снимки кои содржат материјали кои, како што рече, би изнеле содржини од приватниот живот на дел од обвинетите.

На влегување во судницата, обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 на новинарите им рече дека доцни на рочиштето поради тоа што бил физички нападнат од затворските службеници.

Обвинението за „Рекет”, го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот