Мурињо му се заблагодари на детето што ја додаде топката! (ВИДЕО)

фото:твитер

Тотенхем славеше против Олимпијакос со 4:2 во петтото коло од Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо посебна пофалба имаше за момчето кое ги собираше топките на стадионот во Лондон.

Тотенхем имаше негатива против Олимпијакос со 0:2 после само 19 минути игра, но со головите на Кејн, Али и Орижи успеа да направи пресврт. А според португалскиот менаџер посебен беше моментот кој беше важен за вториот гол на Спарси кој се случи на крајот од аут линијата кога детето кое ги собираше топките, како да „придонесе“ на еден брз и ефикасен начин, така што веднаш ја додаде топката во прав момент до Серж Орижи по што што се случи и погодокот на премиерлигашот.

Мурињо и овојпат се најде во центарот на вниманието и веднаш му се заблагодари на детето.

– Сакам интелигентни деца кои се задолжени за топките како што бев јас како помлад. Бев одличен во тоа, како и сега ова дете. Добро ја чита играта, ја разбира и направи важна асистенција. Не е тој тука само да го гледа мечот, тој ја живее играта и ја игра добро. Пробав да го повикам во соблекувалната да прослави со нас, но го немаше – рече Мурињо после победата на Тотенхем кој и официјално обезбеди настап во осминафиналето на ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот