„Кралевите“ за две минути прокоцнаа предност од два гола, дебакл на Црвена звезда во Белград

EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

Реал Мадрид прокоцка предност од два гола во дербито на петтото коло во Лигата на шампионите. „Кралевите“ пред своите гледали одиграа 2:2 со ПСЖ иако на девет минути до крајот имаа предност од два гола благодарение на Карим Бензема кој стрелаше во 17. и 79. минута.

Фудбалерите на ПСЖ за само две минути постигнаа два гола, прво Килијан Мбапе постигна гол во 81 минута. Само две минути подоцна Пабло Сарабиа го замолкна „Сантијаго Бернабеу“.

Второто дерби му припадна на Јувентус кој благодарение на голот на ремек делото на Пауло Дибала. Аргентинецот постигна гол од мртов агол за победа и заверка на првото место на табелата во групата Д.

Црвена звезда доживеа вистинки дебакл на „Рајко Митиќ“ стадионот. Црвено-белите се декласирани со 0:6 од Баерн Минхен во чии редови брилјираше Роберт Левандовски кој постигна четири гола.

Резултати:
Галатасарај – Бриж 1:1
Локомотив Москва – Баер Л. 0:2
Аталанта – Динамо Загреб 2:0
Црвена звезда – Баерн Минхен 0:6
Јувентус – Атлетико Мадрид 1:0
Манчестер сити – Шахтјот 1:1
Реал Мадрид – ПСЖ 2:2
Тотенхем – Олимпијакос 4:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот