Мурињо за пеналот на Англија: Нема да ви се допадне тоа што ќе го кажам

EPA-EFE/Neil Hall

Португалецот кој седна на клупата на Рома, Жозе Мурињо смета дека судијата не требаше да досуди пенал за Англија во полудиналето на ЕП против Данска .

Англичаните се пласираа во финалето на Евро 2020 откако по продолженијата ја совладаа Данска со 2:1. Одлучувачкиот гол го постигна Хари Кејн во финишот од првото продолжение откако судијата Дени Макели досуди пенал по стартот над Рахим Стерлинг. Каспер Шмајхел го одбрани пеналот на Кејн, но топката се одби до англискиот репрезентативец кој потоа беше ја смести во мрежата.

Очекувано, дискусиите по натпреварот беа фокусирани на пеналот, односно спорниот момент, а свое мислење даде и тренерот на Рома.
– Можеби нема да ви се допадне моето мислење, но ќе ви кажам што видов. Немаше пенал. Победи подобриот тим ,Англија заслужи да игра во финалето, одигра фантастично, но не постоеше пенал. На ова ниво, во полуфинале на Европско првенство не можам да ја разберам одлуката на судијата. Уште помалку ја разбирам одлуката на судијата во ВАР собата да не реагира. Разочаран сум што е досуден пеналот. Немојте погрешно да ме разберете, мило ми е што Англија победи, но немаше пенал – изјави Мурињо за англиските медиуми.
Англија во финалето на Евро 2020 ќе игра против селекцијата на Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот