Муричи и дефинитивно ќе игра против Македонија, но Рашица отпадна од комбинација

epa07639659 Vedat Muriqi of Kosovo celebrates after scoring the 2-2 during the UEFA EURO 2020 Group A qualifier soccer match between Bulgaria and Kosovo in Sofia, Bulgaria, 10 June 2019. EPA-EFE/VASSIL DONEV

Напаѓачот на Лацио, Ведат Муричи ќе ја предводи репрезентацијата на Косово против Македонија во полуфиналето од баражот од Лигата на нации, но затоа нема да игра Милот Рашица.

Довчерашниот фудбалер на Фенербахче сè уште не дебитира за новиот тим бидејќи беше позитивен на коронавирус, но ќе му биде на располагање на селекторот на Косово, Бернард Чаландес за натпреварот кој треба да одигра на 8. октомври на Националната Арена „Тодор Проески“.
Натпреварот ќе се игра без навивачи иако УЕФА дозовли капацитетите на стадионите да бидат исполнети до највеќе 30 проценти.

Против Косово без публика: УЕФА даде зелено светло, но здравствените протоколи во Македонија не дозволуваат навивачи на стадионите

Селекторот Чаландес за дуелот со Македонија ќе смета и на Кастрати од Динамо Загреб, Бериша од Ремс, Рахмани од Наполи, Војвода од Торино.

За да не биде се идеално за нашиот противник, се погрижи фудбалерот на Вердер, Милот Рашица кој е повреден и сигурно нема да настапи против Македонија, исто како и Ујкани од Торино.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски утре ќе го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за дуелот со Косово, а на него ќе се најдат и капитенот Горан Пандев и Елиф Елмас чии резултати од тестот на коронавирус се негативни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот