Тимчо Муцунски / Фото: МНР

Муцунски остро го осуди рускиот ракетен напад врз Лавов, вели дека тој бил „непромислена ескалација“

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска преку социјалните мрежи остро го осуди последниот руски ракетен напад врз Украина во кој беше употребена хиперсонична балистичка ракета „Орешник“ во удар врз градот Лавов.

Муцунски ја оцени оваа акција на Москва како „непромислена ескалација“ која, како што наведе, „не само што ја дестабилизира Украина, туку претставува и сериозна закана за регионалната и глобалната безбедност“.

Според шефот на македонската дипломатија, „ваквите дејствија дополнително го поткопуваат меѓународниот правен поредок и ги оддалечуваат напорите за мирно решавање на конфликтот“.

„Стоиме рамо до рамо со Украина и ги поддржуваме напорите предводени од САД и Европа за постигнување сеопфатен и траен мир – цел која ваквата ескалација директно ја поткопува“, порача Муцунски.

Растат тензиите: Во Венецуела досега уапсени петмина Американци

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот