Тимчо Муцунски и Петер Сијарто на министерски состанок на ОБСЕ во Виена / Фото: Фејсбук

Муцунски и Сијарто во Виена, ја потврдиле унгарската поддршка за Македонија на патот кон ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски објави дека имал средба со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Виена.

„Изразивме задоволство од динамичната билатерална соработка и континуираниот политички дијалог на високо ниво, како и од широката секторска соработка и меѓусебната поддршка во различните мултилатерални формати. Потврдивме и дека во претстојниот период двете држави ќе продолжат посветено да работат на натамошно интензивирање на оваа соработка, пишува Муцунски во објавата на Фејсбук.

Тој додава дека на средбата, двајцата го поздравиле одржувањето на петтата седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу двете држави минатиот месец, а разговарале и за актуелните случувања во регионот и Европа, партнерството во рамките на НАТО, процесот на членство во Европската Унија, како и за значајната поддршка што Унгарија ја обезбедува на овој пат.

Муцунски на состанокот во Виена ќе има неколку обраќања на теми од поширок заемен интерес во светло на сложениот безбедносен контекст со кој се соочува регионот на ОБСЕ.

Покрај учеството на Министерскиот совет, агендата на министерот при посетата на Виена вклучува и учество на состанокот на „Пријателите на Западен Балкан“, во организација на австриското МНР. На овој состанок ќе учествуваат високи претставници од земјите-членки на групата и државите од Западен Балкан, како и високата претставничка на ЕУ, Каја Калас.

Во рамките на посетата на Виена, Муцунски ќе има средба и со Здружението на индустријалци на Австрија, каде ќе бидат претставени новите можности за економска соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот