„Му побегна главата“: Урнебесното видео на Вил Смит има повеќе од два милиони прегледи (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Нов карантински тренинг: како да изгубите 5 килограми за 5 секунди – напиша актерот на својата објава.

Актерот Вил Смит ова време кога владее пандемијата на коронавирусот го користи за да се опушти малку и да направи по некое видео кое ќе ги насмее неговите фанови. Едно од повеќето видеа на неговиот Инстаграм профил особено се истакнува.

Тоа е смешно видео каде главата на Вил Смит буквално „ќе избега“. Имено, додека актерот се качувал по скалите, во еден момент се сопнал.

Вил се придрижал за оградата, но главата му заминала во спротивна насока.

– Нов карантински тренинг: како да изгубите 5 килограми за 5 секунди – напиша актерот.

За три дена видеото го погледнале повеќе од 2 милиони корисници на Инстаграм.

Погледнете го и вие… а на неговиот Инстаграм профил ќе најдете уште многу вакви видеа кои барем малку ќе ве расположат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот