МТСП инвестираше над четири милиони денари за дневен центар за лица со попреченост во Чашка

Фото: МТСП

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски и пратеникот Мухамед Кадриов официјално го означија отпочнувањето на работа на Центарот за лица со попреченост во Општина Чашка.

Дневниот центар се отвора согласно програмата на Владата за изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита и домови за стари лица за 2021 година

Тренчевска информираше дека центарот ќе им овозможи поддршка на 12 лица со попреченост во Општина Чашка.

Министерството за труд и социјална политика од буџетот за 2021 година обезбеди средства за изведување на градежни работи, за реконструкција и адаптација на дел од зграда, транспорт и монтажа на опрема во Дневен центар за лица со попреченост во Општина Чашка во вкупен износ  4.275.256,00 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот