Мрачните тајни од златната доба на Холивуд: Ваделе заби поради улогите и децата ги чувале во црни кутии!

Златната доба на Холивуд делува како нешто многу гламурозно, но всушност не е. Старите холивудски филмови кријат многу тајни.

Овие вознемирувачки факти ретко кој ги знае, а би можеле засекогаш да го променат начинот на кој ги гледате филмовите од тој период.

1. Актерките во тоа време биле толку оптеретени со својот изглед што Џоан Крофорд ги извадила задните зади за да има поубав облик на вилицата.

„Имав само 23 години. Тоа се викаше тока, кога ќе ги отстраните задните заби, вилицата ви стои на поелегантен начин. Агентот ми кажа дека ако сакам да работам после 25-годишна возраст, морам да инвестирам во себе и затоа го направив тоа. Тоа не беше реткост“, раскажала таа.

2. Џоан исто така секоја недела на очните капаци ставала борна киселина за да ѝ бидат очите посјајни.

Профимедиа

3. Кога децата актери биле непослушни на сет, понекогаш ги ставале во така наречената „црна кутија“, каде за казна морале да седат на парче лед.

4. Во хитот на Хичкок „The Birds“ за актерката Типи Хедрен врзале живи птици, а исто така ги налутиле и фрлиле на неа за да ја снимат легендарната сцена на таванот. Кога го посетил сетот, Кери Грент наводно ѝ рекол: Ти си најхрабрата жена која некогаш сум ја видел.

Прочитајте и...  Проговори поранешната девојка на принцот Хари - По шест години откри долго криена тајна - „Не сакав да бидам под ничија контрола“

5. Џин Кели во една прилика за време на снимањето на „Singing in the Rain“ толку многу го навредил танцувањето на Деби Рејнолдс што таа се скрила под клавирот и плачела.

„Доаѓаше на пробите и критикуваше се што правев, никогаш не го слушнав да ме охрабри“, раскажала Деби.

Профимедиа

6. Одри Хепбурн својот карактеристичен „поглед на срна“ го оддржувала така што, после нанесување на маскарата, со игла ѝ ја двоеле секоја поединечна трепка.

7. Џеки Купер во својата биографија открил дека не можел да заплаче на клучната сцена кога го снимале филмот „Skippy“, па режисерот (кој инаку му бил вујко) му запретил дека ќе го убие неговото куче доколку не заплаче.

„Почнав да липам толку хистерично што беше премногу за сцената, па мораа да ме смируваат“

Купер инаку во 1931 година бил номиниран за Оскар за таа улога. Имал само 9 години. До ден денес тоа е најмладата личност номинирана за Оскар во историјата.

View this post on Instagram

"This is one of the happiest moments of my life, and I want to thank each one of you who had a part in selecting me for one of their awards, for your kindness. It has made me feel very, very humble; and I shall always hold it as a beacon for anything that I may be able to do in the future. I sincerely hope I shall always be a credit to my race and to the motion picture industry. My heart is too full to tell you just how I feel, and may I say thank you and God bless you." #hattiemcdaniel #emotionalquotes #bestperformaceofactress #supportingrole #mammy #gonewiththewind From men to women fighting for their rights and never giving up until achieving and even then, they keep moving forward.

A post shared by Hattie McDaniel (@hattie_mcdaniel_1895) on

8. Договорите во тоа време имале „морална клаузула“ со која актерките се обврзувале дека нема да се венчаат и дека мораат да абортираат доколку забременат. Таа клаузула постоела за да „ги спречи ѕвездите да ја уништат својата вредност со скандали“. Наводно Лана Турнер, Џуди Гарланд и Џенет Мекдоналд потајно абортирале, а во јавноста се зборело за тоа дека биле во болница поради операција на слепо црево или инфекција на увото.

9. Во 20-те и 30-те на филмските сетови се користело азбест за да се снимаат сцени во кои вее снег. Некои актери како Стив Меквин, подоцна во животот тешко се разболеле поради таа причина.

10. Хети МекДаниел била првата личност со афро-американско потекло која била номинирана за Оскар и ја освоила наградата за најдобра споредна улога, но хотелот во кој се оддржало доделувањето не било допуштено луѓето од друга раса да присуствуваат. Продуцентот на филмот „Gone with the Wind“ морал преку врски да замоли за услуга за да ја пуштат актерката во зградара. Дури и после тоа, таа морала да седи во позадината.

Прочитај повеќе

„Таа мисли дека е една од браќата“ – Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит го менува полот?

Слободен печат

Ова е Георгина од Скопје, по фотографиите потсетува на светски познатата Емили Ратајковски! (ФОТО)

Васко Спасоски

Британците во шок – Од денес им се забранети интимните односи, освен во овие услови

Слободен печат

Познатата водителка во емисија во живо имаше мал „инцидент“ со облеката! (ФОТО)

Васко Спасоски

Генијален трик за лупење јајца: Хит на TikTok кој го погледнаа 100.000 луѓе (ВИДЕО)

Слободен печат

На улиците во Лос Анџелес: Лејди Гага прошета во градник со новото момче (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Проговори поранешната девојка на принцот Хари – По шест години откри долго криена тајна – „Не сакав да бидам под ничија контрола“

Слободен печат

Се породи пред 4 месеци со третото дете: Познатата манекенка изгледа совршено! (ФОТО)

Васко Спасоски

Баба на улица фати огромна кобра, нејзината реакција стана хит на интернет (ВИДЕО)

Слободен печат

Братот на Новак Ѓоковиќ ја „ќари“ една од најатрактивните српски пејачки (ФОТО)

Васко Спасоски

Естетските хирурзи едногласно тврдат: Старите фотографии на Меган Маркл откриваат што променила таа на своето лице! (ФОТО)

Слободен печат

Пингвини од зоолошка прошетаа во празен музеј, но никој не очекуваше дека ќе реагирааат вака (ФОТО+ВИДЕО)