Мозес ќе го напушти Интер, нов играч доаѓа од Реал?

фото: твитер

21-годишниот десен бек кој може да игра и како крило, според „Гаѕета дело Спорт“, Хакими би можел во блиска иднина да го облече дресот на „неро-аѕурите“.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, „неро-аѕурите“ имаат желба да го ангажираат Ашрах Хакими од редовите на Реал Мадрид.

Оваа сезона интернационалецот од Мароко беше испратен на позајмица во Борусија Дортмунд во чиј дрес досега постигна четири голови во осум натпревари во Лигата на шампионите.

21-годишниот десен бек кој може да игра и како крило, според „Гаѕета дело Спорт“, би можел во блиска иднина да го облече дресот на Интер.

За неговите услуги интерес покажува и бранителот на титулата во Серија А, Јувентус, а според „кралскиот“ клуб тој вреди 50 милиони евра.

Виктор Мозес е подготвен да ја напушти миланската екипа, неговата позајмица од Челси на „Џузепе Меаца“ истекува, а извршниот директор Бепе Марота не планира да му плати 12 милиони евра на лондонскиот клуб, па така Хакими се гледа како идеална замена за Нигериецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот