Фатон Љури, моторџијата кој го прегази дедо Југо / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Моторџијата кој го прегази дедо Југо имал стомачен вирус – не дојде на судење

Обвинетиот моторџијата Фатон Љури кој го прегази Југослав Николовски во јули на пешачка патека не дојде на денешното рочиште.

Судијката Снежана Марковска кажа дека непосредно пред рочиштето добиле известување од Шутка дека Љури има стомачен вирус и е на инфузија.

-Непосредно пред рочиштето беше судот телефонски известен дека обвинетиот поради стомачен вирус е нужно веднаш да прими инфузија, а домскиот лекар доколку е потребно ќе побара и дозвола од судот за спроведување на обвинетиот до Клиника ако му се влоши – рече судијката.

Тој на минатото рочиште призна дека го прегазил дедо Југо, но не призна дека вечерта на 1 јули не му укажал помош на повредениот. Одбраната ќе докажува дека Љуми му пружил помош на Југослав со сообраќајно и психијатриско вештачење, додека пак за признанието на вина се чека пресуда. На денешното судење не дојде ниту сопатникот што бил на моторот со Љури, ниту неговата вереница.

Обвинителството пак тврди дека ќе докаже дека Љури на 1 јули го прегазил дедо Југо со мотор, на пешачка патека кога излегол да фрли ѓубре. За разлика од обвинетиот, Обвинителството тврди дека Љури го прегазил дедо Југо и избегал од местото на несреќата додека тој лежел облеан во крв.

Сообраќајната незгода се случи на 1 јули доцна вечерта. При ударот, Николовски останал да лежи повреден на патеката, а возачот и неговиот сопатник паднале на патеката по што тој избегал. Николовски добил тешки телесни повреди поради кои следното утро починал, а полесно повреден бил и сопатникот на моторот. Осомничениот го оставил мотоциклот и другите двајца повредени и пеш го напуштил местото.

Според информации на МВР, возачот имал сторено едно кривично дело – насилство во 2016 година и едно дело непочитување на здравствени ковид мерки во 2021 година.

 

Скопјанец со мотор смртно прегазил пешак во населбата Даме Груев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот