Фото: илустрација / Слободен печат / Драган Митрески

Мотоциклист се судри со кола на патот Гостивар – Форино, заврши во болница со тешки повреди

Мотоциклист заврши со тешки повреди по судир со автомобил на регионалниот пат Гостивар – Форино, соопшти гостиварската полиција.

Поради сериозноста на повредите, мотоциклистот бил пренесен на скопските клиники.

„На 31 мај 2026 година во 14:35 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило ‘опел’ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.П. (33) од селото Чегране и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од С.Ј. (40) од Гостивар. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“ соопшти полицијата.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР Гостивар.

Газда на скопска кафеана истепал бивш вработен откако се скарале за исплата на дневници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот