Мото ГП: Триумф на Морбидели, борбата за титулата станува се понеизвесна

epa08772410 Italian MotoGP rider Franco Morbidelli (R) of Petronas Yamaha STR, takes a bend ahead of Spaniard Alex Rins, of Suzuki Ecstar team during the Motorcycling Grand Prix of Teruel at the Motorland Alcaniz racetrack in Alcaniz, Teruel, Spain, 25 October 2020. EPA-EFE/Javier Cebollada

Возачот на Петронас Јамаха, Франко Морбидели, триумфираше на трката која се возеше за Големата награда на Теруел, која е 11. оваа сезона.

Италијанецот на патеката „Моторленд“ дојде до втората победа оваа сезона во најсилната класа, а вкупно 10. во кариерата.
Второто место со две секунди заостаток му припадна на Алекс Ринс од Сузуки, додека последното место на победничкиот подиум му припадна на вториот возач на Сузуки, Жоан Мир кој задоцни дополнителни три секунди.

Морбидели на втората трка која се возеше во Арагон, водеше од стартот па се до крајот, освен на неколкуте први свиоци кога лидерската позиција ја имаше Такаки Накагами од ЛЦР Хонда.
Јапонецот ја стартуваше трката од пол позицијата, но направи голема грешка и излета од патеката во моментот кога зад него беа Морбидели и Алекс Ринс.

Не им беше потребно многу време на водечките Морбидели и Ринс да се одвојат од конкурентите, а разликата помеѓу нив беше помала од една секунда. Италијанецот во последните кругови го засили темпото и направи предност поголема од една секунда која му донесе мирен финиш на трката.
На четвртото место се пласира возачот на КТМ, Пол Еспарегаро, додека Жоан Зарко од Авинтија заврши на петтата позиција.
Жоан Мир со освојувањето на третото место ја зголеми предноста во генералниот пласман, но на три трки до крајот на шампионатот борбата за титулата е неизвесна. Возачот на Сузуки е лидер со 137 бода, додека Квартараро е втор со 14 бода помалку, додека Вињалес има 118 бода.
Наредната трка во Мото ГП шампионатот ќе се вози на 8. ноември кога на патеката Рокардо Тормо ќе се вози трката за Големата награда на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот