МОТО ГП: Мир на чекор од титулата по победата во Валенсија

epa08807511 Spanish MotoGP rider Joan Mir in action during the Motorcycling Grand Prix of Europe at Ricardo Tormo circuit in Cheste, eastern Spain, 08 November 2020. EPA-EFE/Kai Foersterling

Возачот на Сузуки, Жоан Мир ја оствари првата победа во кралската класа откако триумфираше на трката за Големата награда на Европа која се возеше во Валенсија.

Мир на патеката во Валенсија „Рикардо Тормо“ стигна до 12. победа во кариерата, прва во Мотог ГП класата и прва од Големата награда на Малезија 2017 година кога и ја освои титулата во Мото 3 класата.

Веднаш зад младиот Шпанец се најде неговиот клупски колега Алекс Ринс, со што на Сузуки му ја донесоа првата еден-два победа од 1981 година. На третото место се пласира возачот на КТМ, Пол Еспаргаро.

Трката започна завршување на сонот за титула на Франко Морбидели кој падна во првиот круг, а веднаш по него со проблеми се соочија и возачите на Јамаха. Маверик Вињалес имаше проблеми сокочницата, а на стартот од трката се повлече и Валентино Роси. Одлучувачкиот момент на трката се случи во 11. круг кога Мир го искористи киксот на Ринс кој прешироко влезе во свиокот и му го презеде лидерското место и не го испушти со самиот крај на трката.

Благодарение на победата во Валенсија, Мир наредната недела исто така во Валенсија ќе има шанса да му ја донесе титулата на Сузуки по 20 години пауза. Младиот 23-годишен Шпанец има 37 бода повеќе од возачот на Петронас Јамаха, Фабио Квартараро и својот тимски колега, Алекс Ринс, на само две трки до крајот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот