Москва без тенкови на парадата — Калас смета дека тоа многу кажува за воената состојба во Русија
Таа додаде дека „тажната математика на бојното поле покажува дека Русија губи рекорден број војници“
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, оцени дека одржувањето на Парадата на победата во Москва без тешко вооружување ја одразува реалната состојба на руската војна против Украина. Таа го изрази своето мислење по состанокот со министрите за надворешни работи на нордиските и балтичките земји одржан на 30 април, пишува Украинска правда.
Препорачано
Калас: Тоа многу кажува за состојбата на војната
-За прв пат по многу години, Парадата на победата во Москва ќе се одржи без тешко воено вооружување. Тоа многу кажува за тоа како се одвива војната за Русија – рече Калас.
Таа додаде дека „тажната математика на бојното поле покажува дека Русија губи рекорден број војници“. Калас истакна дека Русија не успева да ги постигне своите воени цели и дека тоа станува сè поочигледно.
Проблеми со летот на Фицо за Москва
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека парадата на 9 мај во Москва ќе се одржи без воена опрема поради „актуелната ситуација“. Словачкиот премиер Роберт Фицо, исто така, планира да присуствува на прославите по повод Денот на победата, со кои се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година.
Сепак, ставот на балтичките држави – Латвија, Литванија и Естонија – стана клучна пречка за планираната посета на Фицо, бидејќи тие одбија да дозволат неговиот авион да прелета над нивниот воздушен простор. Минатата година, Фицо и српскиот претседател Александар Вучиќ беа единствените европски лидери кои присуствуваа на прославите по повод Денот на победата во Москва како гости на Владимир Путин.
Лавров се закани дека Русија ќе одговори безмилосно ако некој ја попречи парадата


