Фото: EPA-EFE/Domenic Aquilina

Лавров се закани дека Русија ќе одговори безмилосно ако некој ја попречи парадата

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, тврди дека некои европски земји подготвуваат „нов“ напад врз Русија и дека „бесрамно повикуваат на повторување на искуството на Хитлер“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, денеска предупреди дека Москва остро ќе одговори на какво било попречување на прославата на Денот на победата, со која се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во 1945 година, објави „Анадолија“.

– Доколку нацистите, кои повторно заживуваат на Западот преку Украина, продолжат со тоа што го прават сега, за нив нема да има милост – рече тој.

Во понеделникот, руското Министерство за одбрана најави предлог за дводневен прекин на огнот по повод прославата на Денот на победата на 8 и 9 мај, предупредувајќи ја Украина дека ќе следи „масовен ракетен одговор“ доколку чествувањата бидат нарушени.

Пентагон склучи договори со 7 гиганти за вештачка интелигенција

Подоцна истиот ден, Украина објави дека исто така ќе почитува едностран прекин на огнот почнувајќи од вторникот на полноќ, но Киев во меѓувреме ја обвини Русија за кршење на примирјето преку продолжување на воздушните напади и офанзивите на линијата на фронтот.

Тој, исто така, ги оцени како „вчудовидувачки“ изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за повторно претворање на германската армија во најсилна во Европа.

– Мислам дека нема потреба да се објаснува значењето на оваа фраза – ја цитира државната новинска агенција ТАСС изјавата на Лавров дадена за време на меморијалниот настан во Министерството за надворешни работи.

Лавров рече дека желбата на Мерц предизвикала загриженост во Русија и во другите европски земји околу насоката на евроатлантските интеграции, обвинувајќи ги официјалните службеници во Брисел дека поттикнуваат „реваншистички чувства“ низ целиот регион.

Тој тврди дека некои европски земји подготвуваат „нов“ напад врз Русија и дека „бесрамно повикуваат на повторување на искуството на Хитлер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот