Московската берза останува затворена

 Московската берза останува затворена и денеска, соопшти Руската централна банка.

Берзата ќе биде затворена до 8 март. Затворањето, според соопштението, вклучува „тргување и порамнување на сите пазари на Московската берза”.

Берзата не е отворена цела недела, откако Западот воведе санкции против Русија минатиот викенд.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера најави нови санкции против руските олигарси. Велика Британија, исто така, санкционираше двајца водечки олигарси чие вкупно богатство се проценува на 19 милијарди долари.

– Нема да запреме овде. Наша цел е да ја осакатиме руската економија и да ја изгладнеме воената машина на Путин, изјави британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот