Морис Темпелсман: Ниту Кенеди ниту Оназис не ѝ ја донесоа љубовната среќа, туку човекот за кого многу малку се знае

Instagram
Instagram

Откако во 1953 година се омажи за Џон Ф. Кенеди, Жаклин Бувие влезе во историјата како сопруга на американски претседател што загина во атентат. По него беше во брак со грчкиот бродосопственик Аристотел Оназис, но всушност многу малку се знае за последниот маж во нејзиниот живот – Морис Темпелсман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by meramoto (@meramoto)

Во тек на своите 64 години Џеки Кенеди Оназис помина апсолутно сè што може да се помине – од најголема среќа до најлоши трагедии, од атентат на сопругот, кој ѝ почина на раце, преку животот со грчки милијардер, до живот далеку од очите на јавноста со угледен и моќен бизнисмен. Токму тој со нејзините деца стоеше покрај нејзиниот ковчег во црквата „Св. Игнатиј Лојл“, на Парк авенија во Њујорк и на својата сакана ѝ прочита љубовна песна за збогум.

Живот во вонбрачна заедница

На 12 септември 1953 година Џеки и Џон Кенеди се венчаа и заедно станаа дел од историјата како американски претседател и прва дама, но и поради атентатот извршен над него. Поради тоа бракот им траеше само 10 години, за да пет години подоцна Џеки Кенеди се омажи за угледниот Грк, Аристотел Оназис, и со него помине седум години во брак.

Сепак, нејзината најдолга врска беше последната, со Морис Темпелсман, која поради сплет на околности никогаш не беше крунисана со брак. Нивниот однос траеше речиси 15 години, од 1980 година, па до нејзината смрт во 1994 година, кога почина од рак на лимфните жлезди. Темпелсман го запознала во 1975 година, само неколку месеци по смртта на вториот сопруг Аристотел Оназис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isabelle (@_jacquelinekennedy_)


Но, двојка станаа дури пет години подоцна. Еврејскиот трговец со дијаманти и бизнисмен со белгиско потекло, кој тогаш бил на иста возраст со Џеки, бил во брак, но љубовта кон неа била посилна, поради што ја напуштил сопругата Лили со која имал три деца. Иако од неа побарал развод, Лили не му го дала, па тој живеел во невенчана заедница со Џеки во Њујорк.

Џеки која дотогаш била навикната на живот пред очите на јавноста, овој пат останала дискретна и не дозволувала никој да има увид во тоа што го прави, посветувајќи му се на семејството, на своите наследници Џон Јуниор и Керолин, работата како уредничка, но и на својата голема љубов Морис.

Љубов како од бајка

По смртта на Аристотел таа наследила 26 милиони долари, а по неколку месеци, благодарение на добрите вложувања од Морис, кој се грижел за нејзините финансии, нејзиното богатство се зголемило за четирипати.

Морис кој денес има 91 година и управува со најголемата резерва дијаманти во Америка, отсекогаш се движел во влијателни кругови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Isabelle (@_jacquelinekennedy_)


Тој внимателен еврејски господин ѝ ја даде потребната смиреност. Морис со неа не се фали како што правеше Оназис, кој Џеки ја сметаше за уште еден трофеј. Тој ја сфаќа нејзината позиција, ја прифаќа нејзината приватност и ја чува – откри своевремено пријателот на Џеки, Семјуел Писар.
Морис бил одлично прифатен од целото семејство, дури и децата на Џеки. Тие двајца одлично се согласувале и имале сличен вкус за уметност и книжевност, често разговарале на француски јазик, особено уживале во ресторани на Апер ист сајд и во долги прошетки низ Централ парк, нежно држејќи се за раце. Една година пред Џеки да почине, на јахтата на Морис ги примиле на гости Бил и Хилари Клинтон.

Кога ѝ бил дијагностициран рак, Морис станал нејзина верна придружба и не се делел од неа во последните месеци од животот. За да не се дели од неа, тој во домот направил канцеларија, а во болница ја возел лично.


Таа љубов и почит што ги имаа е нешто што ретко се гледа. Тој секогаш ја држеше за рака или ја милуваше по образите, а кога седеа главите им беа споени, баш како прекрасна стара двојка. Измамуваа насмевки каде ѝ да се појавеа – еден лекар се присети по нејзината смрт.
Иако многумина сметаат дека Џеки прерано почина, од друга страна се согласуваат дека сепак умрела среќна што конечно нашла некој покрај кого можела да остари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот