Ник Рајнер во судницата / Роб и Мишел Рајнер / Фото: Скриншот/Јутјуб/Profimedia

Момент на воодушевување и морничава насмевка: Реакцијата на Ник Рајнер во судницата ја шокираше јавноста

Ник Рајнер, син на трагично починатите Роб Рајнер и Мишел Рајнер, во понеделникот се појави пред суд и се изјасни дека не е виновен за убиството на своите родители. Холивудскиот режисер и неговата сопруга, фотографката Мишел Рајнер, беа пронајдени мртви на 14 декември 2025 година во нивниот дом во Лос Анџелес. Ник е уапсен и обвинет за две кривични дела убиство од прв степен со посебна околност – повеќекратно убиство.

Во судницата се појави со избричена глава и неуредна брада, облечен во кафена затворска облека. Со него беше јавната бранителка Кимберли Грин, која во негово име поднесе изјаснување за невиност. Ник зборуваше само кога судијата го праша дали се откажува од правото на брзо прелиминарно сослушување, на што одговори: „Да“. Следното рочиште е закажано за 29 април.

Според странските медиуми, за време на читањето на обвинението Ник наводно се насмевнувал, што предизвика реакции во јавноста.

Експертка за говор на телото, Сузан Константин, за порталот „Пејџ сикс“ анализираше дека неговата насмевка може да се класифицира како таканаречено „задоволство на измамникот“, израз што опишува момент на прикриено задоволство додека некој нешто сокрива.

„Прво ја наведнува главата, па потоа се насмевнува. Изгледа како да се обидува да ги сокрие емоциите“, изјавила Константин.

Таа додаде дека насмевката изгледала несвесна, како момент на возбуда или задоволство, но истовремено забележала знаци на напнатост – пулсирање на вилицата и изразени линии на челото.

„Во очите се гледа параноја и страв, на високо ниво“, заклучи таа.

Ник првпат се појави пред суд на 17 декември, кога носеше специјална облека за превенција од самоубиство. Таква облека не носеше на второто сослушување во јануари. Неговиот тогашен адвокат Алан Џексон непосредно пред едно од рочиштата се повлече од случајот, наведувајќи дека тој и неговиот тим немале друг избор освен да се откажат од застапувањето.

Рајнер се соочува со максимална казна доживотен затвор без можност за условно ослободување или смртна казна. Во моментов се наоѓа во самица во затворот „Твин Тауерс“ во Лос Анџелес.

Режисерот Роб Рајнер и неговата сопруга пронајдени мртви, полицијата истражува двојно убиство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот