Лична карта лични карти документи
Фото: МИА / архива

Момче дало некој да му ја слика личната карта, сега има за плаќање брз кредит од 3.500 евра

Непознат измамник успеал да убеди 18-годишно момче од Демиркаписко да му ја даде да ја фотографира личната карта, со приказната дека му требала за да го ангажира момчето да дели пакети во црква. Наивниот тинејџер потоа добил писмо за отплата на кредит во износ од околу 3.500 евра, кој измамникот го подигнал со неговите податоци.

На 17.02.2026 во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник од демиркаписко пријавил дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добил паричен надомест, но до пријавување на настанот не бил повикан да дели пакети ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во финансиско друштво. Момчето во меѓувреме добило писмо од финансиско друштво за отплата на кредит, подигнат на негово име во висина од 215.731 денари, за кој се сомнева дека истото лице го подигнало со злоупотреба на личната карта“, пишува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Измамници лажеле две Тиквешанки дека се лекари, им барале пари „за операција на блиски“ — жените ги намирисале и не наседнале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот