Фудбалерот на Милан навести дека не планира крај на кариерата, а неговите игри во последно време тоа и го потврдуваат.
Договорот на Златан Ибрахимовиќ со Милан истекува на крајот од сезона, а Швеѓанецот откако продолжија натпреварувањата во Серија А, тој е еден од најзаслужните за одличните игри на „росоњерите“ и имам учинок од четири гола и три асистенции.
Но, веќе со недели се шпекулира за неговата иднина бидејќи сите сметаа дека тој е на излезни врати од Милан и дека ќе се врати во татковината во тимот на Хамарби каде има акции.
Златан денеска со видео кое го објави на социјалните мрежи порача дека е далеку од пензија.
I’m just warming up pic.twitter.com/7GLlrCIG4a
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) July 25, 2020